Јавноста во Индија трескавично го очекуваше слетувањето на Месечината, а медиумите го одбројуваа времето до слетувањето.
Се одржаа молитви во храмовите, џамиите и црквите во земјата, при што учениците мавтаа со индиската тробојка додека чекаа проекции во живо од слетувањето на Месечината.
Премиерот Нарендра Моди го набљудуваше слетувањето од Јужна Африка, каде што присуствува на тековниот Самит на БРИКС, објавија светските медиуми.
Нерамниот терен го отежна слетувањето на јужниот пол на Месечината, а првото слетување е историско за најнаселената земја во светот.
Како што објави Times of India, Индијците успешно слетаа на Месечината!
Погледнете го видеото кое во живо го пренесуваа тамошните медиуми:
Индискиот вселенски брод Чандрајаан-3 успешно слета во регионот на јужниот пол на Месечината во историска мисија, која беше придружена со громогласен аплауз во центарот на Индиската организација за вселенско истражување (ИСРО).
„Индија сега е на Месечината“, порача Нарендра Моди во својот говор, честитајќи им на членовите на мисијата и на сите Индијци за ова огромно достигнување.
Водениот мраз во регионот може да обезбеди гориво, кислород и вода за пиење за идните мисии.
За Индија, успешно слетување на Месечината го означи нејзиниот подем како вселенска сила, бидејќи Владата на премиерот Нарендра Моди се обидува да ги зголеми инвестициите во приватните вселенски лансирања и сродни потфати.
Ова е втор обид на Индија да слета на Месечината, мисија која се смета за клучна за истражувањето на Месечината и статусот на земјата како вселенска сила, само неколку дена по падот и дебакалот на сличен руски лендер.
Вселенското летало Чандрајаан-3 (Chandrayaan-3) на индиската организација за вселенски истражувања (ИСРО) успешно слета на јужниот пол на Месечината, а со тоа Индија испиша историја!
Индиската мисија – Чандрајаан значи „месечево возило“ на хинди и санскрит – е втор ваков индиски обид.
Во 2019 година, мисијата Чандрајаан-2 на ИСРО успешно го распореди орбитерот, но неговиот лендер се урна.
„Слетувањето на јужниот пол на Месечината всушност ќе и овозможи на Индија да истражи дали има воден мраз на Месечината. Ова е многу важно за кумулативните податоци и науката за геологијата на Месечината“, порача Карла Филотико, партнер и управен директор на консултантска фирма SpaceTec Partners.