Крунисувањето на кралот Чарлс III со церемонија стара 1.000 години и дводневна прослава во Велика Британија денеска е во центарот на вниманието ширум светот.
Историската церемонија започна во 12 часот по локално време, а на оваа престижна манифестација, покрај членовите на кралското семејство, присуствуваат и голем број државни функционери, како и членови на кралските семејства од други земји.
Новокрунисаните крал и кралица се појавија на балконот на Бакингемската палата со избрана група членови на кралското семејство. Кралската двојка им мавна раце на насобраните граѓани од балконот.
Многумина од насобраните граѓани побрзале да се приближат до палатата и да ги видат кралот и кралицата по историското крунисување, кое го следеа 100 милиони луѓе ширум светот.
На Чарлс и Камила им се придружиле принцот и принцезата од Велс, нивните деца, војводата и војвотката од Единбург и принцезата Ана.
Според британските медиуми, принцот Хари веднаш по крунисувањето отишол на аеродром и заминал за Соединетите Американски Држави (САД).
Кралот Чарлс III и кралицата Камила се наоѓаат на западната тераса на Бакингемската палата и стојат пред околу 4.000 војници. Додека химната ја изведувале околу 1.000 музичари.