ВИДЕО | ИТАЛИЈА СО АПЛАУЗ ГО ИСПРАТИ СИЛВИО БЕРЛУСКОНИ! Погледнете го трогателниот момент кога пристигна возилото со ковчегот на поранешниот премиер – семејството во целосен ‘транс’!

Голем број функционери и граѓани на Италија за последен пат го испраќаат поранешниот премиер и бизнисмен Силвио Берлускони.

Марта Фашина, неговата партнерка, плачеше кога ковчегот беше внесен во катедралата во Милано. И децата на Силвио Берлускони не можеа да ги задржат солзите на почетокот на церемонијата.

Многу граѓани, пак, се бесни што таква чест му се покажува на трикратниот премиер и медиумски магнат, кој го следеа многу скандали – меѓу кои и неговите познати секс оргии! Десетици илјади поддржувачи на Силвио Берлускони сепак се собраа на плоштадот за да го следат процесот во живо на огромните екрани и аплаудираа (ракоплескаа) додека ковчегот се носеше низ вратите на катедралата.

На погребот присуствуваат 2.300 луѓе, вклучувајќи членови на семејството, пријатели, светски лидери, клучни сојузници… Денеска е и национален ден на жалост за смртта на човекот кој повеќето граѓани го гледаат како највлијателна личност во Италија во последните децении.

Семејството вчера приватно бдееше во една од вилите на Силвио Берлускони во близина на Милано, градот каде што тој заработи милијарди како сопственик на медиумска империја и фудбалски клуб пред да влезе во политиката во 1994 година.

Марина (56 г.), најстарото дете на Силвио Берлускони и претпоставен наследник на медиумската империја, исто така ги бришеше солзите додека траеше церемонијата. Фасина, која беше 53 години помлада од поранешниот премиер, никогаш официјално не се омажи за Силвио Берлускони, но сепак одржаа „лажна“ церемонија на венчавка во 2022 година. Некои информации сугерираат дека Марина не ја одобрувала венчавката, но сепак денес била видена како ја теши на погребот на нејзиниот татко.

На плоштадот имало и големи венци во боите на италијанското знаме.

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, е меѓу највисоките странски претставници чие присуство на погребот е потврдено. Џорџија Мелони, премиерката на Италија, која своето прво искуство во владата го доби како министер во владата на Силвио Берлускони, исто така ќе присуствува на погребот, заедно со лидерот на партијата, Матео Салвини, чија партија долго време е во сојуз со Силвио Берлускони. Меѓу гостите беше виден и легендата на Милан, Фабио Капело.

Силвио Берлускони, најдолговечниот премиер во повоената историја на Италија, беше реизбран во Сенатот минатата година и е познат по контроверзните гафови на меѓународната сцена. Политичките противници ја доведуваат во прашање не само одлуката на владата да одржи државен погреб – чест што им се дава на сите поранешни премиери – туку и да прогласи национален ден на жалост.

Знамињата се на половина копје на сите јавни згради од понеделникот во знак на почит на лидерот чие влијание се прошири многу подалеку од политиката. Собранието беше суспендирано на три дена, а Владата денеска го прогласи за ден на жалост.

ИталијаМиланопогребСилвио Берлускони