ВИДЕО | Италјанска пратеничка го доеше својот двомесечен син за време на седница на парламентот, а колегите ја поздравија со громогласен аплауз – погледнете!

Италијанската пратеничка Гилда Спортиело, која за време на парламентарната седница се бореше за правото на жените да ги дојат своите бебиња за време на работа, го направи токму тоа. 

За време на нејзината постапка, во салата се слушнал громогласен аплауз кога Гилда Спортиело почнала да го дои својот двомесечен син за време на гласањето во парламентот.

Гилда Спортиело се залагаше за нацрт-закон усвоен од Комитетот за правила на Претставничкиот дом со кој ќе им се дозволи на жените да учествуваат во гласањето и дебатите додека ги дојат своите деца и додека нивните бебиња не наполнат 12 месеци, пренесуваат тамошните медиуми. Таа и таткото на бебето, Рикардо Рикарди, се претставници на популистичкото движење „5 ѕвезди“.

Весникот La Republica ја цитираше Гилда Спортиело дека се надева дека нејзиниот пионерски чин ќе ги инспирира сите работни места во Италија да им олеснат на вработените мајки да ги дојат своите деца доколку сакаат додека се на работа. 

Од денес па натаму, ако највисоките италијански институции дозволуваат работничките да дојат на своето работно место, тогаш на ниту една жена, во која било професија, не може да и се ускрати ова право. Ниту една мајка не смее да биде принудена да престане да дои за да се врати на работа, на ниту една жена не треба да и се ускрати оваа можност“, кажала таа во својот говор.

женазаконИталија