Во неделата вечерта Лионел Меси конечно беше претставен како нов играч на Интер од Мајами. Целата презентација се одвиваше под силен ветер и дожд, но невремето не можеше да ја попречи најголемата парада во историјата на МЛС Лигата.
Навивачите на Интер Мајами чекаат шест недели на претставувањето, откако Лионел Меси и официјално потврди дека кариерата ќе ја продолжи на Флорида. Големата церемонија на претставување ја водеше косопственикот на клубот, Дејвид Бекам, а по неговото појавување на сцената на стадионот, Лионел Меси беше пречекан со овации од навивачите.
Сепак, како што пишуваат светските медиуми, шоуто го „украде“ сопругата на Лионел Меси, Антонела Рокуцо. Обожавателите се апсолутно воодушевени од нејзиниот изглед, а многу светски медиуми ги пренесуваат своите извици од церемонијата.
„Ова е најубавата жена на светот“, пишува еминентниот весник The Mirror.
Кога таа се појави и помина низ бината, Дејвид Бекам исто така му го „сврте вратот“ кон нејзе.
„Таа е многу убава!“, пишува медиумската агенција Daily Mail.