Во 2014 година една од главните теми на медиумите за „белиот спорт“ беше реакцијата на Рафаел Надал кон убавата девојка која ги собираше тениските топчиња за време на неговиот натпревар.
Шпанецот не можел да и одолее на убавата Фернанда Маја Карелија која стоела веднаш до него, па срамежливо неколку пати ја погледнал.
Тие погледи тогаш ги уловија и камерите, па интернетот беше преплавен со реакции.
Бразилците на турнирот во Рио ангажираа познати девојки да собираат топки за време на натпреварите, за да ја зголемат атрактивноста на натпреварувањето. Се испостави дека во случајот со убавата Фернанда Маја Карелија тоа е полн погодок.
Многу љубители на тенисот се прашуваат каде е сега оваа девојка и што прави.
Фернанда Маја Карелија денес работи како коментатор на популарна радио станица во Бразил и е водител на емисијата SBT Esporte Rio.
Таа е активна на социјалните мрежи и е мајка на две деца.