ВИДЕО | КАДИРОВ ПРЕТЕПА ЗАТВОРЕНИК, А ЖРТВАТА НЕ СМЕЕ НИТУ ДА СЕ БРАНИ – Лидерот на Чеченија проговори: “Вистина е, многу сум горд!“

Рамзан Кадиров, чеченскиот лидер и еден од најблиските соработници на Владимир Путин, минатата среда со објава на видео-снимка на социјалните мрежи ги негираше гласините дека тој умира.

Му благодарам на Семоќниот, жив сум и здрав и воопшто не ми е јасно зошто да се крева гужва и ако сум болен ?“, стои во описот на објавата од Рамзан Кадиров.

Сега на неговиот канал е објавено ново видео. Според странските медиуми, главната улога во снимката ја има неговиот син Адам. На видеото тој го тепа Никита Журалев, човекот обвинет за палење на Куранот.

На Интернет сè уште има дебата за тоа дека Адам Кадиров го претепал Никита Журавел, припадник на специјалните служби на Украина

Го претепа и ја направи вистинската работа. Згора на тоа, верувам дека секој што навредува било кое свето Писмо треба да биде строго казнет, ​​вклучително и оние кои демонстративно го палат. Нашата земја има единствен закон кој ги штити верските вредности и тие се заштитени од државата на највисоко ниво“, напиша тој на својот профил на социјалната мрежа Телеграм.

Горд сум на чинот на Адам“, додаде Рамзан Кадиров.

Видео-снимката од ужасната сцена можете да ја погледнете ОВДЕ.

Адам КадировРамзан КадировЧеченија