Повеќе кошеви од Дончиќ на еден натпревар постигнаа само Вилт Чембрлен и Коби Брајант.
Лука Дончиќ многупати во кариерата одигра „феноменална партија“, но тоа што го направи вечерва ќе влезе во кошаркарските анали. Ѕвездата на Далас испиша историја играјќи ја играта на својот живот во победата на Маверикс над Атланта од 148:143.
24-годишниот Словенец постигна неверојатни 73 поени, што е негов личен рекорд, како и рекорд на Маверикс воопшто.
Во исто време, тоа е и “најефективниот натпревар” на еден играч во историјата на НБА. По оваа неверојатна вечер, само Вилт Чембрлен (100 и 78) и Коби Брајант (81 поен) постигнаа повеќе кошеви од Дончиќ.
Секако, тука не завршуваат рекордите кои Дончиќ ги постигна синоќа. За да дојде до таа неверојатна бројка на еден официјален натпревар, тој секако мораше да има речиси совршен шут, па шутираше одлични 25/33 од поле, и стана првиот натпревар во историјата на НБА со 70 поени, со дури 75 проценти успех во шутирањето.
Тројки шутираше 8/13, па и во таа категорија го има најдобриот скор од легендите кои постигнаа повеќе од 70. поени на еден натпревар Покрај сето тоа постигна 15 од 16 слободни фрлања.
Тоа што е можеби највпечатливо, бидејќи вакви игри може да очекуваме во годините што доаѓаат, е тоа што Дончиќ сето тоа го направи пред својот 25-ти роденден (што е за еден месец). Пред него, погодувате, успеа само Мајкл Џордан. Најдобриот кошаркар на сите времиња е првиот и единствениот до вечерва успеа да постигне 60 плус поени на еден натпревар пред да наполни 25 години.