Министрите за надворешни работи на одредени земји кои учествуваат на 30. Министерски состанок на ОБСЕ во Скопје го бојкотираа обраќањето на министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров.
Дел од шефовите на дипломатиите станаа и ја напуштија конференциската сала веднаш откако претседавачот со ОБСЕ, домаќинот на самитот, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, го најави обраќањето на Сергеј Лавров.
На социјалните мрежи се појави видео, снимено од руски дипломат присутен во салата, на кое се гледа дека Сергеј Лавров не се поздравува со никого на пат кон своето место, ниту пак некој од колегите му пришол, што покажува всушност колку Русија е изолирана држава, а тој момент можете да ги погледнете ОВДЕ.
Сергеј Лавров, како што може да се види на видеото, само го поздрави министерот за надворешни работи на Сан Марино, Лука Бекарија, кој, според протоколот, седи десно од делегацијата на Руската Федерација.
Местото лево беше резервирано за романската делегација, која беше празна во моментот на пристигнувањето на Сергеј Лавров.