ВИДЕО | КАКВО ШОУ! Претседателот на Јужна Кореја го зеде микрофонот во Белата куќа и го остави Џо Бајден со отворена уста: “Немав поим за ова!“

Од нуклеарни теми до караоке забава, по тој редослед, претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук-Јол, ја заврши посетата на Белата куќа пеејќи го познатиот хит на Дон Меклин на гала вечерата и воодушевувајќи го својот колега Џо Бајден.

На вечерата одржана во негова чест откако разговараа за сериозните прашања, вклучително и силната американска порака до севернокорејскиот режим дека – „ќе изврши самоубиство ако се осмели да ги нападне сојузниците на САД со нуклеарно оружје“, претседателот Јун Сук-Јол ја покажа својата љубов кон американската музика.

Знаеме дека песната ‘American Pie‘ е една од вашите омилени“, кажал Џо Бајден и го приближи својот гостин до сцената за подобро да ги слушне пејачите кои ја извеле баладата на Дон Меклин.

Точно“, одговорил Јун Сук-Јол, во својата земја познат како љубител на караоке забавите и признал дека се заљубил во таа песна што е објавена во 1971 година, кога уште бил ученик.

На повик на Џо Бајден, Јун Сук-Јол не морал да биде замолен да го земе микрофонот и наместо тоа тој сам започнал да ги пее стиховите од песната: „Одамна, многу одамна“, и продолжил со караоке-шоуто. Публиката аплаудирала, а Џо Бајден и првата дама биле целосно воодушевени.

Следната гала вечер ќе те ангажирам за забава“, се пошегувал Џо Бајден и додал: „Немав поим дека ќе пееш вака добро“.

По настапот, Џо Бајден му подарил на својот колега гитара која ја испратил и потпишал Дон Меклин, кој не можел да се придружи на вечерта.

Социјалните мрежи беа преполни со пофалби за талентот за пеење на претседателот Јун Сук-Јол, но ова не е прв пат тој да пее во јавност. Во средината на претседателската кампања во 2021 година, тој учествуваше во познатото јужнокорејско шоу „All the Butlers“ и добил аплауз за неговата изведба на песната „No one else“ од јужнокорејскиот пејач Ли Сеунг-Чул.

Бела куќагала вечерзабаваЈужна КорејаЈун Сук-ЈолкараокеСАДЏо Бајден