Тоа беше 39. гол за Халанд во 34. натпревар од Лигата на шампионите.
Синојка се одигра натпреварот од четвртото коло во Лигата на шампионите помеѓу Манчестер Сити и швајцарскиот Јанг Бојс. Натпреварот заврши со резултат 3:0 за Граѓаните, а Ерлинг Халанд одигра уште еден блескав натпревар за англискиот тим .
Норвежанецот на овој натпревар постигна два гола, првиот од пенал, а особено убав беше неговиот втор гол со кој Сити дојде до водство од 3:0. Халанд ја прими топката на работ од шеснаесетникот, отиде лево и се ослободи од противничкиот играч, а потоа силно шутираше со ,,убиствената” лева нога во спротивниот агол на голманот Ентони Рациопи .
Тоа беше 39. гол за Халанд во 34. натпревар од Лигата на шампионите. Норвежанецот минатата сезона беше во одлична форма, а во ист ритам продолжи и оваа година, па заедно со соиграчите ќе се обиде да ја повтори историската последна сезона во која ја освои титулата во англиската Премиер лига, трофејот во Лигата на шампионите и ФА Купот.