Данил Медведев неочекувано беше поразен во второто коло на Мастерсот во Париз, а за време на тој натпревар, Русинот имаше неколку расправии со судијата и публиката.
Сепак, она што го направи по поразот го засени сето она што се случуваше претходно.
Натпреварот траеше близу три часа, беше видно многу возбудлив натпревар, а по него Русинот целосно полуде.
Додека го напушташе теренот, Данил Медведев на публиката им покажа среден прст, а тој момент можете да го погледнете ОВДЕ.
„Среден прст ? О не, само си ги гледав ноктите. Зошто би и направил такво нешто на оваа голема париска публика ?“, изјавил иронично на прес-конференцијата после натпреварот Данил Медведев.