ВИДЕО | КАКОВ ЌЕ БИДЕ ЕПИЛОГОТ ОД УЖАСОТ ВО АТИНА !? На Динамо Загреб му се заканува најцрното сценарио – АЕК бараат од УЕФА хрватите да бидат исфрлени: “Две работи се неразбирливи…“

Според информациите на хрватските медиуми, грчката полиција била информирана дека околу 200 хулигани ја минувале границата со Црна Гора и се упатиле кон Грција. 

jutarnji.hr прашува како е можно грчката полиција попатно да изгубиле трага на хрватските навивачи, по што следуваше општ хорор што се случи во Атина и нередите кои засега, според пишувањата на грчките медиуми, однеле еден живот.

Според она што го дознал jutarnji.hr, нередите можеле да се спречат, но грчката полиција е во голема мера одговорна: 1.) доколку осомничените навивачи биле забележани, како е можно тие да се изгубиле на патот и 2.) неверојатно е што прстенот на стадионот не го обезбедувала полицијата и обезбедувањето, особено што се работи за натпревар од висок ризик, а дополнително, само еден час по тренинзите пристигнале органите на прогонот.

Според сите експерти во вакви ситуации, ова е страшна грешка која можеше да се спречи.

Во ред да изгубиме дваесетина луѓе во атинската толпа, односно околу четири-пет возила… Но, да го изгубиме практично целиот конвој, кој по влегувањето во Грција, ако им се верува на грчките извештаи, беше под дискретен надзор – навистина е тешко да се објасни…“, додаваат за jutarnji.hr луѓе од безбедносните органи на Грција.

Инаку, токму на иницијатива на хрватската и грчката полиција било поднесено барање до УЕФА да се забрани доаѓањето на гостински навивачи, што наводно УЕФА тоа го прифатели. На крајот на краиштата, ова е единствената логична работа, не само поради културата на навивачката сцена во двете земји, туку и поради бројните „пријателства“ со други навивачки групи, меѓу кои се и белградските Делии и Гробари, како и поради фактот што натпреварите меѓу Хајдук Сплит и ПАОК се сестрински групи. Сите овие информации, додуша, не се новост за грчката полиција, на крајот на краиштата, таму веќе неколку години се забранети сите гостувања меѓу водечките четири клуба со најсилната ултрас сцена (Олимпијакос, Панатинаикос, АЕК, ПАОК).

Вообичаена практика е да се чуваат таканаречени безбедносни прстени околу стадионот најмалку три дена пред големите натпревари. Зошто овде тоа не било така, тешко е да се разбере…“, пишува jutarnji.hr.

.

АЕКАтинаГрцијаДинамо ЗагребнасилствофудбалХрватска