ВИДЕО | Како е можно ова да се случи !? Досега незапамтена сцена во Формула 1: Возачот за ‘влакно’ не прегази десетина луѓе – спречена голема катастрофа

Поради оваа сцена на Естебан Окон сите се ‘смрзнаа’, а Формула 1 повторно имаше огромен безбедносен пропуст, а со тоа повторно е мета на многу критики.

Додека Формула 1 се обидува да биде „што е можно поспектакуларна“, се чини дека безбедноста е занемарена и од почетокот на сезоната имаше неколку инциденти каде за среќа беше избегната голема трагедија.

Последниот инцидент се случи во Азербејџан, каде што десетици луѓе буквално ќе беа прегазени поради пропуст од организаторите, па се чини дека пред се треба да разговараат за ова наместо да се замараат со „спринт трки“ и слични работи, животите на публиката се далеку поважни од било која сензација.

Естебан Окон, одејќи кон пит-стопот, налетал на десетици фоторепортери кои го блокирале влезот кај неговиот тим во т.н. бокс, па морал нагло да ја намали брзината за да не прегази никој од нив. Јасно е дека тоа му го нарушило времето за менување на гумите и изгубил драгоцени моменти, се затоа што организаторите направиле голем преседан.

Фоторепортерите свртени со грб целосно го игнорирале фактот дека зад нив доаѓа Естебан Окон, а за среќа Французинот бил присебен и навреме закочил да не удри никого, што ќе било еднакво на катастрофа. Повторно, не по негова вина, бидејќи никогаш не треба да се случи новинари или било кој да го блокираат патот на Формула 1 стазата. Погледнете го целиот случај:

Естебан ОконФормула 1