Јутјуберот Норм Накамура на своите профили на социјалните мрежи сподели како изгледа најлудиот стан во Токио, кој всушност е стаклен балкон.
На самиот почеток на едно од видеата тој рече дека тоа е еден од најлудите станови што ги видел во Токио, кој исто така е скап со оглед на тоа што добивате за парите.
Се чини дека околниот простор околу тесните и прилично клаустрофобни скали е всушност застаклен и тој простор на балконот се издава за 1.000 долари месечно по кат.
Накамура покажа дека станот (ако може така да се нарече) има WC школка, на еден од ѕидовите е поставен мијалник и електричен панел, а одоздола има клима.
Надворешните ѕидови на станот се изработени од стакло, а можно е и спуштање на ролетните за да се добие приватност во делот што го претставува тоалетот, каде што се наоѓа кадата.
Исто така, нема друг мебел и самиот Норм се чудел како некој може да спие таму. Тој измери и дека е само 90 сантиметри од ѕид до ѕид (т.е. прозорец).
Има и машина за перење, а приклучоците се на подот.