Поранешниот европски шампион во кик-бокс, Љубан Хофман Видовиќ, во друштво на неколку непознати мажи претходниот ден упаднал во ресторан во Босна и Херцеговина, заканувајќи им се на сопственикот и на вработените.
Имено, на социјалните мрежи се појави видео кое ги вознемири граѓаните со оглед на тоа дека мажите се закануваат во ресторанот и блокираат одредени улици во градот, пишуваат босанските и српските медиуми.
На видеото се гледа како Љубан Хофман Видовиќ влегува во ресторанот со неколку непознати лица барајќи работниците да го повикаат сопственикот.
„Што правиш овде, каде е црвот, црвчето ? Јави му се“, вели Љубан Хофман Видовиќ обраќајќи му се на работникот.
Потоа пишува нешто на лист и им наредува на вработениот да ја чуваат споменатата хартија на вратата од ресторанот.
Се слуша како Љубан Хофман Видовиќ вели:
„Ова стои на врата, нека видат сите дека црвот е кодош“.
Потоа го зема телефонот од работникот кој се јавил, како што се претпоставува, на сопственикот.
Инаку, овој кик-боксер заедно со неговиот брат, исто така кик-боксер, на полицијата веќе и е познат по криминално однесување.
Претходно во Бјелина, од каде што потекнуваат, организирале киднапирање со цел да изнудат пари поради долг од 2.000 евра.
Судот во Бања Лука го осуди Љубан Хофман Видовиќ на една година затвор. Пресудата стана правосилна во ноември, но Љубан Хофман Видовиќ ја замени за парична казна.