Калуѓерка стана хит на социјалните мрежи откако се појави видео на кое таа се нафрли на климатски активист и го соборува на земја.
Имено, нова црква се гради во Сен Пјер де Колумбие во Ардеш, Франција, а еколошките активисти се обидоа да ја спречат изградбата, поради што во текот на ноќта неколку игумани пристигнаа да го бранат градилиштето.
Француската телевизија Франс 3 го сними судирот меѓу калуѓерката и климатски активист кој кршел цевки и градежна опрема. Почнале да се расправаат, а калуѓерката во еден момент ги изгубила нервите и со брзина на молња паднала врз човекот и го соборила на земја.
Инаку, климатските активисти се незадоволни од јаглеродниот отпечаток што градителите го оставаат зад себе и бараат да се земе предвид студија за заштита на животната средина, според која може да се уништат ретките растенија што растат таму.