ВИДЕО | Каја Шукова: “Инвестираме во подобрување на условите за живење на граѓаните“

Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, заедно со градоначалникот на општина Чучер Сандево, Сашко Комненовиќ, беа во обиколка на изградениот канализационен систем во с. Побожје, општина Чучер Сандево.

Во интерес на граѓаните, во интерес на општината, проектот е навремено спроведен со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање, односно со средства што Владата ги додели на општината за реализација на овој проект. Тука не застануваме, туку продолжуваме и во 2024 година со втората фаза од проектот за затварање на канализационата мрежа за ова населено место со што граѓаните ќе добијат подобри услови за живеење“, изјави министерката Каја Шукова, по вчерашната посета, информираат денеска од МЖСПП.

Првата фаза од проектот е финансиски подржана од Министерството за животна средина и просторно планирање со средства од Програмата за инвестирање за животната средина за 2023 година во висина од 6 милиони денари.

Каја ШуковаМакедонијаМЖСППполитика