ВИДЕО | Кејт Мидлтон со емотивна порака откри дека има РАК

Кејт Мидлтон вечерва објави дека и е дијагностициран рак на 42-годишна возраст и дека е на „превентивна“ хемотерапија.

Во емотивната видео порака , снимена во Виндзор во средата, Кејт Мидлтон откри дека веста била „огромен шок“ и дека таа и Вилијам „направиле се што можеле за да ги заштитат децата и семејството“.

Дијагнозата дојде неколку дена откако принцезата e видена како се смее со принцот Вилијам додека ја напуштаа својата омилена фарма во близина на нивниот дом во Виндзор.

Според принцезата, им било потребно време да им објаснат сè на Џорџ, Шарлот и Луис на начин што им одговара и да ги уверат дека ќе бидам добро.

„Добро сум и секој ден станувам се посилна, се фокусирам на работи кои ќе ми помогнат да заздравам. Да го имам Вилијам покрај мене е исто така голема поддршка и утеха. Како и љубовта, поддршката и љубезноста што ја покажуваат многумина од вас тоа многу ни значи на двајцата“.

Ракот на Кејт бил откриен дури откако таа била подложена на голема операција на стомакот во клиника во Лондон во јануари. Кенсингтонската палата соопшти дека нема да споделува детали за тоа каков тип на рак има принцезата или во која фаза е ракот и побара од луѓето да не шпекулираат.

Во јануари не се знаеше дека Кејт Мидлтон има рак

За време на нејзината абдоминална операција во јануари, Кенсингтонската палата рече дека тоа не е рак. Тие вечерва повторно потврдија дека е така и дека ниту еден тест не потврдил присуство на рак. Сепак, постоперативните тестови последователно открија дека ракот „бил присутен“.

Вечерашната објава доаѓа како шок по неколкунеделните шпекулации и теории на заговор за нејзиното здравје. Тоа создава и нова криза за британското кралско семејство во време кога и кралот Чарлс се бори со ракот.

За здравствената состојба на Кејт Мидлтон се огласи и кралот Чарлс .

Принцезата сега е на пат кон закрепнување откако почнала со хемотерапија на крајот на февруари.

Засега се познати само неколку детали за состојбата на принцезата од Велс , а од Кенсингтонската палата најавија дека нема да откриваат повеќе детали за нејзиното лекување и здравје.

На социјалните мрежи се појавија скандалозни реакции и коментари без емпатија .