Том Брејди се разведе од сопругата Жизел Бундхен минатата година по 13 години брак. Познатиот американски спортист, што е и за очекување, нема проблем да најде нова љубов, а се почесто го поврзуваат со една од најпознатите жени (старлети) во светот, Ким Кардашијан.
На големо се шпекулира дека Том Брејди и Ким Кардашијан се во врска веќе некое време, а Дејв Портној – основачот на Barstool Sports и голем фан на клубот New England Patriots – излезе во јавноста со малку бизарна изјава. Дејв Портној го советува Том Брејди да не оди „на долги и опасни патеки“.
„Том, не излегувај со жени од семејството Кардашијан. Ако се спуштите на тоа ниво, тогаш сите паѓаме со вас. Помислата да бидам со неа ми се гади. Ако веќе го сакате нејзиниот задник, направете го тоа во мотел и пофалете се пред пријателите. Жешка е, милионерка е, но се заебава пред камера за да стане позната. А ти си Том Брејди, подобар си од тоа. Ако не си подобар од тоа, тогаш никој не е. Ти не си за светот на Ким Кардашијан, не сакам да те видам таму“, вели Дејв Портној во видеото објавено на социјалната мрежа Твитер на профилот на Barstool Sports.