ВИДЕО | “Кога не одиш на училиште вака се глупираш!“ – српска водителка стана вистински хит на Интернет: “САД е одлична земја. Србија, сите знаеме, е двојно помала…“

Водителката на српската телевизија Хепи стана вистински хит на социјалните мрежи поради нејзината изјава во емисијата „Рано јутро“.

По страшната трагедија која ја погоди Србија, во која 13-годишниот Коста К. уби осум свои соученици и чуварот на училиштето, водителката веројатно се обидувала да направи паралела со САД и соодветно се посрамотила.

Додека таа им го објаснуваше тоа на гледачите, ја кажа оваа реченица: „Америка е одлична земја и голема земја. Србија, секако, сите знаеме дека е двојно помала. А можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка

Некој, се разбира, веднаш го исекол тој дел од нејзиниот говор и го споделил на социјалната мрежа Твитер, а видеото стана вирално.

Во коментарите пишуваат дека некој треба да и каже на водителката да не тропа глупости и дека Србија е помала од некоја американска локална заедница.

А ова се уште неколку коментари оставени под видеото:

– „Најлошото е што гледачите на таа телевизија немаат поим за што зборува оваа госпоѓа“.

– „Можеби, но не е потврдено. Имаме толку многу што уште броиме од ланскиот попис“.

– „Немаш претстава! Србија е три пати поголема од Америка!

– „Еден метар од моето село, Америка, цела…

– „Америка близу 10 милиони км2, а Србија 88.460 км2. 100 или повеќе пати поголема, таа едноставно погреши. Кога не одиш на училиште, вака се глупираш…

САДСрбијателевизија