Телевизијата Al Jazeera Balkans објави видео-снимка од небото над Белград, на која се гледа дека собирот (митинг) на Александар Вучиќ најверојатно не го привлече посакуваниот број луѓе.
Видео-снимката е направена во периодот од 19 до 19 часот и 15 минути. Пред бината несомнено има гужва, но на неколку стотини метри нема гужва, а околните улици се празни.
Треба да се напомене дека на митингот сигурно дошле десетици илјади луѓе, но не е ни блиску до најава дека ова ќе биде најголемиот митинг што го видела Србија досега во историјата.
Згора на тоа, се чини дека повеќе граѓани имало на протестниот митинг (марш) – „Србија против насилството“ што се одржа минатиот петок. А што очигледно беше мотивација на Александар Вучиќ за неговиот не толку успешен контра-митинг.