МИЛВОКИ БАКС се вратија со победи. Тимот со актуелен најдобар рекорд во НБА (49-19) го победи Сакраменто Кингс со 133:124. Бакс го предводеше Џанис Антетокунмпо со 46 поени и 12 скока. Покрај одличните потези на Џанис, натпреварот го одбележа и инцидент на крајот, во кој беа исклучени Брук Лопез и неговиот противник од тимот на Кингс, Треј Лајлс, играч чија мајка е од Хрватска.
Се започна со грубиот и непотребен фаул на Треј Лајлс врз Џанис, а потоа дотрча Лопез. Двајцата играчи почнаа да се гужваат во центарот, а набрзо меѓу нив влетаа соиграчите, судиите и персоналот кои некако успеаја да ги разделат. Сето ова се случи на 15 секунди до крајот, кога беше јасно дека Милвоки ќе победи.