Возачот на главниот осомничен за убиството на младата Вања Ѓорчевска (14 г.) и велешанецот Панче Жежовски, Љупчо Палевски попознат како Палчо, бил сослушан во полиција од каде изјавил дека не знаел дека тој е осомничен за овој случај што ја потресе и обви во црно Македонија.
Стефан Димковски од Струмица, го возел Љупчо Палевски на релација Србија (Белград) – Бугарија – Турција, но негира дека во тој момент знаел дека во неговиот автомобил има лице осомничено за двојно убиство.
Стефан Димковски во полиција тврдел дека за вмешаноста на Палчо во убиствата дознал на 3. декември – датумот кога Министерството за внатрешни работи (во вечерните часови) објави дека се убиени Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, како и информациите дека организатор и спроведувач бил Љупчо Палевски.
Инаку, возачот на Љупчо Палевски на социјалните мрежи сподели и фотографија од Турција која беше објавена на 3. декември, но претпладне. Тоа укажува дека Палчо бил во Турција кога јавноста и институциите го барале. МВР цело време го следеше, а возачот тврди дека бил „искористен“.
Возачот се спротивставил и да биде приведен. Реагирал и кога бил запрен на граница, а возилото му било пломбирано, додека под полициска придружба бил однесен во станица, а потоа донесен во Скопје. За потсетување, „Во Центар“ ексклузивно и први во државата објавивме дека Љупчо Палевски – Палчо, со „Range Rover“ („Ренџ Ровер“) џип во бела боја со македонски таблички бил пренесен од Белград до Бугарија.
Стефан Димковски на полицијата и кажал се – го опишал секој миг поминат со Палчо – лицето кое институциите го посочија како организатор и спроведувач на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, велат извори од истрагата.
На Стефан Димковски му е одредена мерка притвор од 48 часа, а за Љупчо Палевски е побарана итна екстрадиција од Турција во Македонија.