Српската пејачка Теа Таировиќ по избувнувањето на војната меѓу Израел и Палестина односно Хамас го променила текстот на својата хит-песна, а песната по тие две земји се вика „Израел и Палестина“.
Видеата на кои Теа Таировиќ ја пее таа песна во живо, сега со изменет текст „Шпанија и Аргентина“, ги преплавија социјалните мрежи, а следбениците беа воодушевени од потегот на пејачката.
„Респект, браво Теа“, „Паметен потег“, „Кралица“, гласат дел од коментарите.
Таа сега гостуваше во подкастот „5Cast“ на српски Telegraf.rs, каде зборуваше за оваа промена во текстот.
„Она што можам да го кажам е дека ‘Израел и Палестина‘, како моја песна, нема никаква воена тема. Нема ниту еден збор што алудира на војна. Се спомнуваат две земји и се спомнува љубов низ песната, па слободно можеме да кажеме дека има дури и помирлива тема. Но, ако некој го разбира поинаку или сака да го разбере поинаку тоа, не е ни важно, дури и ако некого го боли. Доколку некого боли, го сменив текстот на песната!“, рекла Теа Таировиќ на новинарката Зорица Радуловиќ.
Таа додала дека превентивно ги сменила понатамошните изведби на оваа песна за никој да не биде повреден, но не мисли дека некој треба да биде повреден бидејќи знае како ја напишала песната и дека никогаш не мислела ништо лошо.
„Сепак, го сменив текстот и песната ќе биде изведена со променетиот текст“, вели таа.
Потсетуваме дека песната „Израел и Палестина“ беше објавена во мај годинава на албумот „Балерина“ и има речиси 34 милиони прегледи на Јутјуб. Текстот на песната го напишаа Теа Таировиќ и Саша Лазиќ, а музиката е на Мариус Де Ла Фоскани.