ВИДЕО | КРВАВАТА ИСТОРИЈА НА ПОЈАСОТ ГАЗА ВО ДВЕ МИНУТИ – Погледнете го клипот за палестинската енклава во која денес се упатени очите на целиот свет

Американскиот телевизиски канал CNN на својот канал на Јутјуб објави краток клип во кој ја прикажува историјата на Појасот Газа, палестинската енклава од која во саботата екстремистите на Хамас извршија напад врз Израел.

CNN вели дека ова видео открива зошто овој мал појас долж Средоземното Море е низ толку многу конфликти и политички превирања од крајот на Втората светска војна.

На почетокот на видеото се наведува дека Појасот Газа е долг само 40 километри и широк нешто повеќе од 11 километри.

И покрај тоа што е толку мал, тој е еден од најборбените парчиња земја во историјата.

Се вели дека ова место било упориште на Египќаните, кралски град на Филистејците и местото каде што умрел еврејскиот херој Самсон.

Се вели дека многу крв е пролеана во Појасот Газа уште од античко време.

војнаИзраелисторијаПалестинаПојас ГазаХамас