ВИДЕО | ‘КРВАВА’ СВАДБА – Поради морничава сцена прекинат првиот танц на оваа двојка: “Ова го откривме под мојот фустан, каков кошмар…“

Совршената венчавка бара многу планирање, пари и стрес за да се осигура дека заљубената двојка ќе помине без проблеми на големиот ден. Но, сонот на една невеста се претворил во кошмар токму кога започнала свадбата односно на првиот танц со нејзиниот нов сопруг.

Австралијката Медлин Вајс на Интернет сподели кратко видео од првиот танц, а она што може да се види на него изненади многумина.

Ова го откривме под мојот фустан неколку минути по нашиот прв танц…“ напишала таа во видеото на кое таа ја прикажува нејзината венчаница обоена со крв.

Тоа беше пијавица! Секогаш има нешто што не оди баш како што треба на вашата свадба, нели ?“, напишала таа во описот на видеото објавено на социјалната мрежа Тик Ток.

Подоцна таа објаснила дека пронашла уште две пијавици – една под нејзините стапала и една во пределот на коленото, за кои се сомневала дека и ја цицале крвта дури три часа, а набрзо потоа пристигнало објаснување.

Ги фатив додека се фотографиравме. Отидовме во природа, каде што имаше кал и висока трева и мислам дека таму ми се залепија. Танцував на подиумот кога свекрва ми ме зграпчи и ми кажа: ‘Дојди со мене’. Отидовме во тоалет, таму ми го крена фустанот и видов крвта. Мислев дека имам менструација, а потоа ми покажа пијавици!“, вака го опишала девојката моментот кој за малку ќе и го уништил „најубавиот“ ден во животот.

@madalyn.wise

There’s always something that doesn’t go quite right at your wedding, right? 😂🤦🏻‍♀️ #leech #weddingtiktok #wedding #weddingnightmare #foryoupage #fyp #ohno

♬ Oh No – Kreepa
женасвадбаТик Ток