Необичната појава, снимена над кинеската провинција Жеџијанг, исплаши многу жители, кои сметаат дека тоа е „лош знак“.
Фотографиите и видеата од „крвавото небо“ ги преплавија социјалните мрежи, а се направени минатиот четврток, околу 20 часот по локално време.
„Изгледа како атомска експлозија“, напиша еден корисник, додека друг додаде: „Пред земјотрес, небото е секогаш црвено“.
За потсетување, слични сцени беа снимени на 7 мај 2022 година над областа Путуо и неколку дена подоцна над провинцијата Фужен.
Во тие денови мрежите беа преполни со коментари од загрижени граѓани кои веруваа дека „апокалипсата се ближи“, а некои забележаа дека веќе се „трупаат“.
Откако снимката од Жеџијанг стана вирална, се огласи локалното метео биро и објасни за што се работи, пренесува The Sun.
Експертите велат дека феноменот е предизвикан од светлата што ги користат рибарските чамци.
Нивните светла се со црвена боја, имаат подолга бранова должина и силна продорна моќ. Кога временските услови се добри, повеќе вода во атмосферата создава аеросоли кои ја прекршуваат и расфрлаат светлината и создаваат црвено небо“, се вели во извештајот.