На социјалните мрежи кружи видео од страшна несреќа на роденденска забава.
Во првите кадри од видеото се гледа славеничката опкружена со пријатели кои смислиле позната шега – да и ја „плеснат“ тортата в лице. Она што следело било навистина страшно и крваво.
Насмеана девојка држи нож во раката, несвесна за ризикот. Штом нејзината глава завршила во тортата, направила неочекувано движење и сечилото се заглавило во окото на еден од нејзините пријатели во близина.
Славеничката продолжила да се смее, бидејќи не сфатила што се случило, додека повредениот млад човек се повлекол и се држел за окото.
Присутните веднаш притрчале да му помогнат, но нема информации во каква состојба завршил, јавува Lakalle Blue Radio, а тој момент од роденденот можете да го погледнете ОВДЕ.
Ова несреќно искуство служи како потсетник дека шегите, иако навидум безопасни, можат да излезат од контрола и да резултираат со опасни повреди.