ВИДЕО | КРИСТИЈАНО РОНАЛДО Е ВИСТИНСКИ КРАЛ НА ГОЛОВИТЕ – Славниот фудбалер на нереален начин ја заврши 2023 година

Фудбалерите на Ал Наср ја завршија календарската 2023 година со победа од 4:1 на гости кај Ал Тавон и со тоа го задржаа чекорот со Ал Хилал со седум бода заостанување.

Последниот гол за гостите го постигна Кристијано Роналдо. Португалецот на тој начин стигна до бројката од 54 гола во 2023 година и е најдобар стрелец во оваа календарска година.

Кристијано Роналдо зад себе ги остави Килијан Мбапе и Хари Кејн кои постигнаа по 52 гола, додека Ерлинг Халанд постигна гол помалку оваа календарска година.

За Кристијано Роналдо ова беше 873. гол во кариерата, а воедно и 795. победа.

Во првенството на Саудиска Арабија води Кристијано Роналдо со 20 голови, пред Србинот Александар Митровиќ кој постигна 17.

Ал НасрКристијано Роналдофудбал