Искусниот португалски фудбалер Кристијано Роналдо беше апсолутен херој на првиот триумф на Ал Наср во новата сезона од Премиер Лигата на Саудиска Арабија.
Богатиот Ал Насар го забележа првиот триумф во 3. коло, бидејќи на гостински терен го демолираше Ал Фатех предводен од клупата на поранешниот хрватски селектор Славен Билиќ (5:0).
Кристијано Роналдо и Садио Мане покажаа класа на овој натпревар. Португалецот постигна хет-трик на натпреварот, а поранешниот ас на Ливерпул и Баерн Минхен погоди два пати.
По бројните критики кои ги доби поради слабите игри на стартот од сезоната, Кристијано Роналдо беше максимално мотивиран да покаже дека се уште не е „старото железо“. Тој постигна хет-трик на натпреварот, забележа атрактивна асистенција и направи неколку потези кои извлекоа воздишки од трибините.
Ал Насар победи со голот на Садио Мане во 28. минута од натпреварот, со одличната асистенција на Кристијано Роналдо, а десет минути подоцна Кристијано Роналдо го зголеми водството на 2:0.
Португалецот во 55. минута одлично ја прими топката и ја погоди мрежата за 3:0. Садио Мане го постигна својот втор гол во 82. минута, а точка на натпреварот стави феноменалниот Кристијано Роналдо во судиското надополнување за конечни 5:0.