Палаво куче ги насмеа навивачите на фудбалски натпревар кога на сред натпревар истрча на теренот, ја украде топката и почна да си игра со неа.
Кучето не сакаше да ја пушти топката ниту кога еден од фудбалерите го зеде во раце и почна да го носи низ теренот.
Во еден момент кучето случајно ја испушти топката, но не ја врати назад, иако играчите добија нова топка за играње.
Чуварот потоа го извадил кучето од теренот, а видеото од неговата палавост стана хит на TikTok.
„Дајте му ја таа топка“, се пошегува еден коментатор.
„Нема ни грам каење на неговото лице“, додаде друг.