Една од најголемите музички ѕвезди на сите времиња на овие простори, Лепа Брена, пееше на свадба на геј пар во Мајорка, Шпанија, а оваа свршувачка наводно ги чинела младенците вкупно 50.000 евра.
Младоженецот од Белград, кој гради кариера на светската модна сцена, уште од мал бил голем обожавател на Лепа Брена, пишуваат соседните медиуми. Тој и неговиот партнер, архитект од Хрватска, со својата венчавка ја крунисале 10-годишната врска, а не се штеделе и на свадбената веселба да им пеела Лепа Брена.
Балканската ѕвезда во придружба на својот бенд за настапот кој траел час и половина добила 30.000 евра, а за сите останати трошоци младенците потрошиле уште 20.000 евра.
Имено, тие испратиле приватен авион за Лепа Брена и бендот во Белград, а во Палма де Мајорка шест дена престојувале во хотел каде ноќевање чини 500 евра. Според информациите од извори блиски до младенците, тие ја оставиле Лепа Брена да ги избира песните што ќе ги пее бидејќи ги сакаат сите нејзини хитови.
На свадбената веселба присуствувале членови на нивните семејства и пријатели од целиот свет, а за сите нив бил организиран разглед на градот и бројни други активности.
Парот бил подготвен и да ја одложи веселбата доколку Лепа Брена била зафатена на планираниот датум. Сепак, Лепа Брена ги воодушевила младенците и нивните гости, а по настапот продолжика да се забавува со нив.