ВИДЕО | Лепа Брена ја продава својата луксузна вила во Мајами! Погледнете како изгледа еден од најубавите имоти во Флорида, цената е чиста ‘ситница’: “Имаат и пристаниште за јахти…“

Луксузни 400 квадратни метри веднаш до плажата на престижното одмаралиште „Coconut Grove“, базен во дворот, шест спални соби, шест бањи и 2.000 долари месечно само за одржување на имотот.

Вака изгледа вилата на Лепа Брена и нејзиниот сопруг, поранешната тениска ѕвезда Слободан Живојиновиќ во Мајами, изградена во 1950 година, која ја купиле во 2012 година. Брачната двојка имотот го огласи на продажба и преку агенцијата за недвижности „Sotheby’s International Realty“ бараат вртоглави 16,9 милиони долари за неа.

Фотографиите од ентериерот односно внатрешноста на вилата можете да погледнете ТУКА.

Околу нивната вила има многу луксузни куќи кои се во сопственост на познати јавни личности. Продажните агенти во огласот забележуваат дека улицата на која се наоѓа вилата е една од најшармантните во градот и дека е идеална за ексклузивни забави на терасите, како и дека има еден од најубавите погледи на океанот воопшто.

Луксузната вила на Лепа Брена во Мајами, Флорида

Дали воошто треба да се додаде и дека гаражата е за вкупно шест автомобили а истота е климатизирана, а на приватното пристаниште можат да се сместат јахти од десет метри, а вилата има и лифт до покривот, како и џакузи.

За продажбата на ексклузивната вила пишува и NY Post, а интересно е тоа што весникот потсетува како Слободан Живојиновиќ (59 г.) претходно тврдел дека имал афера со принцезата Дијана кон крајот на 1980-тите години додека таа сè уште била во брак со тогашниот принц а сега крал Чарлс III

Слободан Живојиновиќ и поп-фолк ѕведата Лепа Брена ја купија вилата во 2012 година, а потоа решија да изградат нова, која беше завршена оваа година.

вилаимотЛепа БренаМајамиСАДСлободан ЖивојиновиќФлорида