ВИДЕО | ‘ЛЕТАЧКА ЧИНИЈА!’ – Неверојатно што направија Кинезите: “Да, носи човечки екипаж, а го создаваме 3 години…“ – погледнете го ова ‘чудо’!

Првата летечка чинија во светот во форма на НЛО – и притоа со екипаж – неодамна го имаше својот прв пробен лет над градот Шенжен во Кина. Се напојува со електрична енергија и може да достигне максимална висина од приближно 200 метри по лет од околу 15 минути.

Летечката чинија е развиена од компанијата Shenzhen UFO Power Technology. Опремена е со 12 сечила на пропелерот кои го опкружуваат пилотското седиште сместено во самиот центар на чинијата. Куполата што го штити пилотот е проѕирна и овозможува панорамски поглед на околината од 360 степени. Нејзиното создавање траело три години, пишуваат светските медиуми.

Леталото со футуристички изглед може да полетува и слетува вертикално од земја или вода, што го прави амфибиски авион.

Летечката чинија во моментов главно се користи за туристички цели“, наведуваат странските медиуми во своите објави.

Кина