Откако ДНК анализата потврди дека лидерот и основач на Вагнер, Евгениј Пригожин, го загуби животот во авионска несреќа кај Москва, руските пропагандисти во емисијата на еден од „омилените“ новинари на Владимир Путин, Владимир Соловиев, очекувано, го обвинија НАТО за атентатот.
Но, во целата приказна е значајно кого еден од гостите на Владимир Соловиев го означи како нова потенцијална жртва на „западните вештери“.
„Да бев генерал Сергеј Суровикин, ќе бев многу внимателен. Да, ќе го направат тоа, ќе се обидат да го убијат. За сложувалката да биде целосна, недостига само едно парче – нашите безбедносни служби мора да бидат внимателни“, изјавил Игор Марков на државната руска телевизија.