ВИДЕО | ЛУД РУСИН СЕЕ СТРАВ ВО “ПРЕСТОЛНИНАТА НА ГРЕВОТ“ – Целосно гол од чиста мира напаѓа случајни минувачи

Во Тајланд, 23-годишен турист од Русија трчал гол низ улиците на северна Патаја и по случаен избор без причина напаѓал минувачи, па морал да биде приведен од полицијата, пишува Newsyou.info.

Инцидентот се случил на 7. ноември околу 20 часот по локално време. Името на осомничениот не е објавено, а во моментов се чека психијатриска проценка на лудиот Русин, објави локалниот веб-портал Pattaya News.

Полицајците и нивниот водач Навин Синтурат го уапсиле голиот Русин кој гласно навредувал на руски и ги напаѓал луѓето со тупаници. Полицијата соопшти дека едвај комуницирала со уапсениот бидејќи не знаел или не сакал да зборува тајландски или англиски јазик.

Русинот продолжил да им се заканува на полицијата, новинарите, итните служби, случајните минувачи и докторите додека го носеле во локалната болница за да го проверат дали има можна употреба на дрога или алкохол и да му дадат седативи за да го смират.

Додека споменатиот турист од Руската Федерација гол трчал низ градот и им викал на минувачите, а многу загрижени граѓани го снимиле неговото налудничаво однесување и снимката ја објавиле на социјалните мрежи. Меѓутоа, подоцна Русинот пришол на случаен пар и почнал да ги тепа без причина. А овој момент е забележан од камерите на очевидци, додека снимката можете да ја погледнете ОВДЕ.

После тоа, неколку локални жители кои биле во близина го грабнале Русинот и го држеле додека не дошла полицијата и не го однеле во болница.

Осомничениот најверојатно ќе се соочи со повеќе обвиненија. Во моментов ги чекаат резултатите од вештачењето кое ќе потврди или демантира дека туристот користел забранети опојни средства.

Во написот се забележува и дека самиот Русин не дал никакви изјави. Сепак, тој продолжил со агресивни закани кон новинарите.

инцидентнападРусијаТајланд