ВИДЕО | ЛУКА ДОНЧИЌ ОДИГРА НАТПРЕВАР ЗА ПАМЕТЕЊЕ – Маестралниот Словенец продолжува со одличната сезона: 44 поени за 32 минути

Кошаркарите на Далас Маверикс го совладаа Лос Анџелес Клиперс благодарение на фантастичната партија на Лука Дончиќ.

Далас Маверикс беа подобри од своите ривали со резултат 144:126 и остварија убедлива победа иако само во една четвртина постигнаа повеќе поени од противникот.

Беше тоа втората четвртина, а самиот резлутат ја кажува големата разлика – 47:18.

Лука Дончиќ доминираше и постигна 44 поени за 32 минути игра со шест асистенции и скока, како и една украдена топка, но и со фантастични проценти.

Тој погоди шест од девет тројки и 11 од 12 шутеви за два поени, додека постигна 4 од 4 од линијата за слободни фрлања.

Кајри Ирвинг додаде 27 поени, а Тим Хардавеј Јуниор „надвор од клупата“ 17 поени.

Во поразениот тим најдобар беше Кави Ленард, но неговите 26 поени не им помогнаа многу на ЛА Клиперси.

Далас Маверикс сега има биланс од седум победи и два порази, додека тимот од Лос Анџелес го забележа петтиот пораз во осум натпревари.

Далас МаверикскошаркаЛос Анџелес КлиперсЛука ДончиќНБА