На социјалните мрежи кружи видео кое ја воодушеви соседна Србија и Србите, а „главна улога“ ја имаше словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ.
Имено, на видеото јасно се гледа како ѕвездата на Далас Маверикс се забавува со познатата песна „Видовдан“, и како крева три прста во воздух додека ја пее, а снимката можете да ја погледнете ОВДЕ.
Сè уште не се знае кога и каде е направена оваа видео-снимка, но многу добро е познато колку Лука Дончиќ ја сака српската музика, а тоа го покажа уште еднаш со овој негов гест.
Лука Дончиќ безброј пати ги пушташе нашите песни пред натпреварите во НБА лигата, бидејќи сака да се загрева со српски хитови.