Српските медиуми пренесуваат дека српската сообраќајната полиција спречила автобус со македонски регистарски таблички кој бил полн со патници да помине преку мостот кој ги поврзува селата Мрчајевци и Слатина само 20 минути пред надојдената река Западна Морава да го урне мостот, со што се избегнала трагедија.
Иако сообраќајот на оваа делница одамна е во прекин, се уште останува непознато зошто македонскиот автобус се движел по тој пат, но шпекулациите се дека или возачите следеле лоши навигациски мапи или пак биле упатени на небезбедниот мост од локалното население.