Мануел Нојер моментално работи на опоравување и враќање на теренот, откако ја скрши ногата на скијање минатиот декември. Како што соопшти клубот на фудбалерот Баерн Минхен, тој би требало да се врати на терените во 2024 година, но точниот датум се уште не е познат.
Сепак, германскиот голман сега се најде во центарот на вниманието поради неверојатен, но и по малку застрашувачки скандал. За што се работи ?
На Интернет почна да кружи лажно видео, создадено со помош на вештачка интелигенција (АИ), во кое Мануел Нојер ја рекламира апликацијата Strategic Focus. Прво беше исечено видео од Мануел Нојер како седи на клупа, а подоцна беше генериран неговиот глас со помош на вештачка интелигенција:
„Ќе ти дадам совет како можеш да заработиш десет илјади евра за кратко време“ започнува видеото во кое подоцна лажниот Мануел Нојер ја убедува публиката да ја преземе апликацијата и вели: „Ако имате среќа можете да освоите пристојна сума. Не треба да верувате дека ќе имате среќа уште од првиот ден, само бидете трпеливи и продолжете да играте!“.
Според информациите на Sport1, Мануел Нојер и неговите адвокати размислуваат да започнат правна постапка. Видеото ги нарушува личните права и општата регулатива за заштита на податоците. Видео-снимката изработена со помош на АИ можете да ја погледнете ОВДЕ.