Најмалку 16 лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во руски напад во источна Украина, соопшти денес претседателот, Володимир Зеленски.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека уште најмалку 20 лица се ранети во нападот на градот Костијантинивка во областа на Доњецк.
Според информациите, во нападот биле погодени пазар, продавници и аптека.
„Ова руско зло мора да се победи што е можно поскоро“, заклучи Володимир Зеленски.