Одделот за воздухопловни единици при Министерството за внатрешни работи денес дејствуваше во реонот на Дојран, каде успешно беше локализиран пожарот кој настана околу 12 часот, информираат од МВР.
Притоа хеликоптерот на МВР (Мi171) во 20 налети прецизно фрли над 50 тони вода врз најкритичните точки и со поддршка на локалните пожарникари пожарот е локализиран.