Меланија и Доналд Трамп синоќа за првпат по седум месеци се појавија заедно во јавноста.
Поводот беше забава за „Ноќта на вештерките“ организирана во неговиот имот Мар-а-Лаго во Флорида. Поранешната прва дама на САД ги потсети сите колку моќен е нејзиниот моден стил и ги откри промените на нејзиниот имиџ.
Додека Доналд Трамп парадираше во класичен костум и позната црвена вратоврска, Меланија Трамп се појави во заводлив фустан кој ја истакна нејзината манекенска линија. Се чини дека поранешната прва дама на САД во меѓувреме изгубила некој килограм, иако немаше никакви проблеми со килограмите претходно.
Погледнете како изгледаше Меланија Трамп за „Ноќта на вештерките“ ОВДЕ.
Долгата коса со прамени одлично и прилега, а тоа е уште една промена во нејзиниот имиџ. Безвременскиот црн фустан беше одличен избор како и мокасините кои се нејзиниот омилен стил на чевли.
Фустанот е украсен со интересен исечок на градите, што го прави уште позаводлив. Додека се приближуваа до масата, Доналд Трамп ги поздравуваше гостите додека еден од работниците намести стол за Меланија Трамп да седне.
Познатиот словенечки модел изгледаше многу гламурозно, на социјалната мрежа Инстаграм сите го фалат нејзиниот стил, иако некои се уште се сомневаат дали нивниот брак е реален.