Унгарскиот премиер Виктор Орбан соопшти дека заедничката гранична патрола на Србија и Унгарија била нападната со автоматско оружје.
Орбан на социјалната мрежа „Х“ потенцираше дека е време сите да се соочат со вистината дека бриселскиот договор пропаднал во оваа работа.
- Насилството меѓу мигрантите е во пораст. Пред три ноќи беше нападната заедничката гранична патрола на Унгарија и Србија, пукотници од автоматско оружје. Со ова мигрантите го преминаа Рубикон. Време е да се соочиме со фактите: бриселскиот пакт за миграција пропадна – напиша Орбан.