Чешката полиција одржа прес-конференција на која зборуваше за деталите од страшното крвопролевање што се случи вчера во центарот на Прага, во кое животот трагично го загубија 14 лица.
Тие објавија и видео од камерите прикачени на телата на полицајците во моментите кога влегле во зградата на Универзитетот „Чарлс“ за време на масовното пукање. На снимките се гледаат вооружени полицајци кои влегуваат во зграда и граѓани кои бегаат од местото на злосторството во Прага.
Убиецот, 24-годишниот Дејвид Козак, отвори оган од зградата на Факлутетот за Филозофија, каде што бил студент.
Полицијата на денешната прес-конференција извести и дека добила дојава од некој кој рекол дека ќе се обиде да го следи примерот на напаѓачот и ќе почне да пука, но дека успеале да ги идентификуваат и приведат осомничените.
Портпаролот на полицијата за новинарите изјави дека се верува дека напаѓачот бил на горните катови од зградата кога влегле вооружените полицајци. Подоцна потрагата ја пренасочиле кон покривот. Тие поставиле периметар околу зградата, велат во соопштението. Напаѓачот во еден момент пукал и ранил три лица надвор од зградата со употреба на оружје од долг дострел, а полицијата возвратила. Како што полицијата го затворила напаѓачот, кој бил вооружен со пушка, тој се самоубил откако сфатил дека е опколен од сите страни, откриваат чешките власти.
„Полицијата постапи на правилен начин. Бев на местото на настанот, тоа остави длабока трага врз мене. Многу сум потресен, иако 40 години сум во полиција“, изјави на прес-конференцијата началникот на прашката полиција Петр Матејчек, истакнувајќи дека нема повредени полицајци и дека на полицијата и требале четири минути за да дојде на местото на кривичното дело по пријавата.
Полицајците го пронашле неговото тело додека ја пребарувале зградата.
Претставник на полицијата рекол дека на местото на настанот е пронајден мртов труп со муниција – неверојатна количина.
Според официјалните тврдења на Универзитетот „Чарлс“, една од жртвите е Ленка Хлавкова, директорка на институтот за музичка наука.
Прашката полиција потврди дека во вчерашниот трагичен настан загинале 14 лица, меѓу кои и напаѓачот. Повредени се 25 лица, меѓу кои и тројца странци.