ВИДЕО | МИСТЕРИЈА! Истанбул покриен во целосна темнина – денот се претвори во ноќ: “Што е ова по ѓаволите ?!“

Видеото, кое е споделено на социјалните мрежи и собра милиони прегледи, прикажува голем турски град кој ненадејно е зафатен во мрак, откако го покрил тежок, застрашувачки црн облак што надвиснал над градот.

Како што информираат од Метеоролошкиот институт на Турција – „облак дебел седум километри поминал над Истанбул. Во меѓувреме сонцето исчезнало на пет минути, а денот се претворил во ноќ. Некои коментирале дека доаѓа апокалипсата…

Додека темниот облак се движел над Истанбул, градот бил преплавен од силен дожд. Необична глетка ги преплашила граѓаните на градот на Босфорот.

Крајот е близу“, коментирал едно лице кое го споделило видеото, додека друг корисник се запраша: „Што е ова по ѓаволите ?!“.

Веб-сајтот TechnoPixel, кој се занимава со слични метеоролошки феномени, сугерира дека овој густ облак можеби бил особено голем кумулонимбус со темна боја. Кумулонимбусните облаци, познати и како громови, често имаат темна, ниска основа, достигнувајќи само неколку стотици метри над земјата. Тие се единствените облаци кои произведуваат град, грмежи и молњи, а водат и до обилни врнежи. Тие можат да изгледаат екстремно темни бидејќи пропуштаат многу малку или никаква светлина.

Голем број корисници на социјалната мрежа Твитер во Истанбул споделија фотографии додека облакот се наѕирал над градот, а сето тоа добило поетски пресврт откако облаците поминале – се појавило огромно виножито кое доминирало на небото на градот.

ИстанбулневремеТурција