Девојката која го освои светот потекнува од Македонија , а нејзиниот талент ќе ве воодушеви.
„Сите акценти се точни, звучи исто како некои мои пријатели од други земји“ – стои во еден од коментарите до најновото видео што Теона Сима го објави на Инстаграм, а во кое зборува на англиски јазик со различни акценти. Видеото за брзо време стана вистински хит и на Твитер, а најмногу пофалби доби од Турците.
Откако ги освои Инстаграм и ТикТок, забавните видеа на девојката која имитира различни акценти, Теона Сима, станаа вистински хит и на Твитер.
Теона Сима на Инстаграм и на ТикТок е позната како @thelanguageblondie, а на својот Инстаграм профил објави видео во кое раскажува зошто е возбудена да се врати на универзитет, при што, постојано го менува акцентот на англискиот јазик.
Станува збор за видео предизвик, во кое нејзините пријатели ѝ задаваат задачи да почне да зборува со различен акцент.
„Сосема случаен предизвик со акценти, затоа што сакам да правам такви видеа. Целиот монолог е за тоа зошто сум возбудена да се вратам повторно на универзитет“ – напиша таа до видеото.
Видеото стана хит и на социјалната мрежа Твитер.
„Неверојатно. Таа го прилагодува англискиот акцент за да се прилагоди на јазиците од повеќе земји“ – стои во еден од твитовите, a најмногу пофалби доби од Турците, кои коментираат дека навистина го зборува англискиот јазик како вистинска Турчинка, кога говори на англиски со турски акцент.