Ѕвездите на социјалните мрежи Хана и Џејмс Смит велат дека имаат „немоногамна“ врска и објаснуваат зошто тоа им помага да бидат посилен љубовен пар.
Овој популарен британски пар открива колку се авантуристички настроени и како уживаат во забавата и предизвиците.
„Внесуваме странци во спалната соба и често тоа го правиме тоа и пред камера. За време на викендите одиме на секс забави. Ние не одиме на состаноци или нешто слично, ниту правиме нешто романтично со некој друг, нема никакви чувства. Тоа е само повеќе физичка забава“, објаснуваат тие.
ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ НИВНИТЕ АВАНТУРИ ОВДЕ.
Тврдат дека меѓу нив поради ова постои голема доверба.
„Тоа што можете да спиете со друга личност и со партнерот истовремено во собата покажува одреден степен на доверба. Отсекогаш сме биле силни и никогаш не сме имале проблеми, иако не велиме дека тие не се случуваат“, додаваат тие.
Парот вели дека не се особено љубоморни и дека отсекогаш сакале тројки и такви работи, а сега тоа можат да го искусат заедно. Секс забавите, како што велат тие им обезбедуваат возбудлива средина.
„Но, вистинската забава е кога ќе се вратиш дома и ќе сте сами, кога се уште сте напалени и имате уште еден цел момент само за вас двајца. Ова додава толку многу зачин на врската, па мислам дека е супер“, открива Хана.
Двојката се запознала на работа додека биле секс-тренери во познат стриптиз клуб во Велика Британија, пренесува Daily Star.