Младиот фудбалер на репрезентацијата на Шпанија и Барселона, Гави (19 г.) заработи тешка повреда на коленото во последното коло од квалификациите за ЕП, а сезоната за него најверојатно е завршена.
Според првите проценки, еден од најдобрите млади фудбалери во светот ги скинал предните вкрстени лигаменти на коленото и го чека долга пауза. За жал, тој ќе го пропушти остатокот од сезоната со Барселона, а нема да го гледаме ниту на ЕП и Олимписките игри.
Во 26. минута од натпреварот против Грузија, се случи сцена која ја замрзна Шпанија. Гави најпрво беше погоден во коленото и падна на земја, но ја продолжи играта. Сепак, во следната акција повторно заврши на тревникот со болна гримаса на лицето.
Шпанските медиуми пренесуваат дека првите докторски наоди укажуваат дека ги скинал лигаментите на коленото.
Неговата повреда исклучително тешко ги погоди селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте и неговите репрезентативци.
„Ова е најгорката победа што сум ја доживеал во кариерата“, изјави селекторот на Шпанија на пес-конференцијата по натпреварот.
„Заминуваме со горчлив вкус поради повредата на Гави. Се уште не го знаеме степенот на повредата, но веројатно се работи за нешто сериозно“, додаде соиграчот Феран Торес.
Хозе Гаја додаде:
„Мораме да се молиме“.
За жал, темните претчувства се остварија. Гави го напушти стадионот во Ваљадолид плачејќи и со патерици. Снимен е со агентот Иван дела Пена, таткото и луѓето од Барселона, а овој болен момент можете да го погледнете ОВДЕ.
Според шпанските медиуми тој многу плакал во сооблекувалната додека тие се обидувале да го утешат.
Медиумите пренесуваат дека му претстои операција и долго закрепнување и дека сезоната за него е завршена.
Во Барселона, секако, се бесни што Гави воопшто го одигра овој натпревар, бидејќи немаше голема важност за Шпанија. Го загубија играчот околу кој се градеше играта.
Гави минатата сезона беше прогласен за најдобар млад фудбалер во светот, со Барселона ја освои Ла Лига и Суперкупот на Шпанија.
Исто така, талентираниот играч за врска има трофеј во Лигата на нации со Шпанија.